Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење | |
|---|---|
| Ласерски зрак |
| Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда. |
| Носете маска за заштита од прав. |
| Носете заштитни очила. |
| Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот. |
| Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона. |
| При транспорт држете го електричниот алат само на овие означени места (жлебови за држење) или за транспортната дршка. |
| При сечење на вертикални агли на закосување подесливите гранични водилки мора да се повлечат сосема нанадвор одн. целосно да се отстранат. |
3 601 M49 1..
3 601 M49 1B.
| Внимавајте на димензиите на сечилото за пила. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирни делови, внимавајте димензиите на редуцирниот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирни делови. Дијаметарот на сечилото за пила мора да одговара на податоците на ознаката. |









