Ставање во употреба
Ослободете ја бравата на капакот на батеријата (2) и отворете го капакот (3).
Ставете ја наполнетата батерија (14) во главата на светилката (4), додека не се вклопи и не налегне на главата на светилката (4).
Затворете го капакот на батеријата (3), а потоа и бравата на капакот на батеријата (2).
- При затворање на капакот на батеријата внимавајте на правилно поставување на гумената трака. Инаку нема да се загарантира заштитата од прав и прскање.
- При вадењето внимавајте на тоа, преградата за батерии (12) да не е оштетена.
- Внимавајте на тоа, позитивниот пол на копчестата батерија да биде свртен нагоре.
Пред целосно да се истроши копчестата батерија (11) на апликацијата се прикажува предупредување.
За да ја замените копчестата батерија (11) ослободете ја бравата на капакот на батеријата (2) и извадете го капакот (3).
Олабавете ја завртката на поклопецот од преградата за батерии (9) и извадете го (10).
Извадете ја празната копчеста батерија и вметнете нова.
Затворете го повторно поклопецот од преградата за батерии со завртката.
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку батериската светилка е исклучена.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата,
или
, за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Тип на батерија GBA 18V...

LED светилки | Капацитет |
|---|---|
Трајно светло 3× зелено | 60−100 % |
Трајно светло 2× зелено | 30−60 % |
Трајно светло 1× зелено | 5−30 % |
Трепкаво светло 1× зелено | 0−5 % |
Тип на батерија ProCORE18V...

LED светилки | Капацитет |
|---|---|
Трајно светло 5× зелено | 80−100 % |
Трајно светло 4× зелено | 60−80 % |
Трајно светло 3× зелено | 40−60 % |
Трајно светло 2× зелено | 20−40 % |
Трајно светло 1× зелено | 5−20 % |
Трепкаво светло 1× зелено | 0−5 % |