Проверка и подесување на основните поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите. 
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
Хоризонтално подесување на агломерот (види слика U)
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
 - Свртете ја масата за пила (12) до жлебот (20) за 0°. Лостот (17) мора осетно да се вклопи во жлебот.
 
Проверка
Агломерот (58) мора да биде во една линија со 0°-ознаката на скалата (21).
Подесување
- Олабавете ја завртката (59) со крстест одвртувач и центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
 - Повторно зацврстете ја завртката.
 
Израмнување на агломерот (вертикално) (види слика V)
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
 - Олабавете го тркалото за стегање (45).
 - Извлечете го лостот за блокада (46) нанадвор и поставете вертикален агол на закосување со рачката на алатот од 0°.
 - Отпуштете го лостот за блокада (46). Лостот за блокада мора осетно да се вклопи во позицијата
 - Повторно затегнете го тркалото за стегање (45).
 
Проверка
Агломерот (28) мора да биде во една линија со 0°-ознаката на скалата (27).
Подесување
- Олабавете ја завртката (60) со крстест одвртувач и центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
 - Повторно зацврстете ја завртката.