Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење | |
|---|---|
| Класа 1 |
| Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда. |
| Носете маска за заштита од прав. |
| Носете заштитни очила. |
| Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот. |
| Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона. |
| Не ги ставајте прстите помеѓу подвижните делови на лизгачката рачка. Може да ги заглавите прстите и да се повредите. |
| Внимавајте на димензиите на сечилото за пила (дијаметар на сечилото за пила D, дијаметар на отворот d). Дијаметарот на отворот d мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирачки делови, внимавајте димензиите на редуцирачкиот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирачки делови. Дијаметарот на сечилото за пила D мора да одговара на податоците на ознаката. Видете исто така „Димензии за соодветни сечила за пила“ во поглавјето „Технички податоци“. |
| При транспорт држете го електричниот алат само на овие означени места (жлебови за држење) или за транспортната дршка. |
| Никогаш не го носете електричниот алат за дршката на лизгачката рачка. |
| Вклучување на ласерот |
| Затегнувачкиот лост е отворен: Може да се поставуваат вертикални агли на закосување. Затегнувачкиот лост е затворен: Ќе се задржи поставениот вертикален агол на закосување на лизгачката рачка. |
| Ги прикажува поединечните чекори за поставка на вертикалниот агол на закосување. |
| Поставете го вертикалниот опсег на аголот на закосување на вртливото копче: |
| Навалување на сечилото за пила кон лево (45° до 0°) |
| Навалување на сечилото за пила кон десно (0° до 45°) |
| Вкупен опсег на навалување на лизгачката рачка (–47° до +47°) |
















