Режим на аудио

За вклучување на звучникот, притискајте го копчето за вклучување/исклучување (2), додека приказот за статус (3) накратко не светне зелено.

За исклучување на звучникот, притискајте го копчето за вклучување/исклучување (2), додека приказот за статус (3) не се изгасне.

Звучникот автоматски ќе се исклучи по 20 минути ако во тој период не може да се воспостави врска преку Bluetooth® или Multi-Speaker Sound.

За приспособување на јачината на звукот, притиснете го копчето за зголемување (5) или за намалување на јачината (7) накратко додека не се достигне саканата јачина. По вклучувањето на звучникот секогаш се поставува мала јачина на звук.

Звучникот ги има следниве аудио функции:

  • Репродукција од уреди поврзани со Bluetooth® (стандардно поставено)
  • Репродукција преку Multi-Speaker Sound
  • Пренос на тековната репродукција преку Bluetooth® преку Multi-Speaker Sound на други уреди со оваа функција

Тековната аудиофункција може да се види на приказот за статус (3):

  • Сина боја: репродукција на Bluetooth® сигнал
  • Светло сина: репродукција на Multi-Speaker Stream
  • Виолетова боја: пренос на тековната репродукција преку Multi-Speaker Sound

По вклучување на звучникот, репродукцијата преку Bluetooth® е стандардно поставена. За да се префрлите од друга аудио функција на Bluetooth®, кратко притиснете го копчето Bluetooth® (1).

  • Повторно воспоставување врска: започнете пребарување на врска ако не е достапен зачуван аудио извор или ако постоечката врска со аудио извор преку Bluetooth® е прекината и треба да се бара нов аудио извор. За таа цел, притискајте на копчето Bluetooth® (1) подолго од 0,5 s.
    За време на пребарувањето, приказот за статус (3) трепка сино со брзо темпо.
    Активирајте ја новата врска преку надворешен аудио извор. На паметните телефони тоа обично е можно во рамките на поставките во менито Bluetooth®. Звучникот се појавува како достапен уред под името GPB 18V‑1 C xxxx. Следете го упатството за користење на Вашиот аудио извор/Вашиот паметен телефон.
  • Повторно поврзување: ако радиото е веќе поврзано со надворешен аудио извор преку (на пр. паметен телефон) преку Bluetooth® и ако овој аудио извор е достапен, тогаш автоматски се воспоставува врска со овој аудио извор. Додека се воспоставува врската, приказот за статус (3) трепка сино со бавно темпо.
    Ако зачуваниот аудио извор не е достапен, пребарувањето за поврзување автоматски се започнува по 2 минути.

Ако врската е успешно воспоставена, се огласува зголемувачки звучен сигнал и приказот за статус (3) свети постојано во сина боја.

Ако врската е прекината или завршена, се огласува звучен сигнал кој се намалува. Звучникот автоматски се исклучува по вкупно 20 минути.

Аудио изворот поврзан преку Bluetooth® може да се управува преку звучник:

  • За да отидете на претходната или следната песна, притискајте го копчето за намалување (7) или копчето за зголемување на јачината на звукот (5) повеќе од 0,5 s.
  • За да ја стартувате репродукцијата, да ја прекинете или да ја продолжите, притиснете на копчето за репродукција/пауза (6).

За да се префрлите од друг аудио извор за репродукција преку Multi-Speaker Sound, кратко притиснете го копчето за Multi-Speaker Sound (4). Додека трае пребарувањето за поврзување, приказот за статус (3) трепка светлосино. Ако врската е успешно воспоставена, се огласува зголемувачки звучен сигнал и приказот за статус свети во светлосина боја.

Јачината на звукот меѓу изворот на звук и звучникот се синхронизира (аудиоизворот ја одредува јачината на звукот) додека не се промени јачината на звукот на звучникот. За да ја вратите синхронизацијата на јачината на звукот, рестартирајте ја врската преку Multi-Speaker Sound. За да го направите ова, накратко притиснете го копчето Multi-Speaker Sound (4).

Ако врската е прекината или завршена, се огласува звучен сигнал кој се намалува. Звучникот автоматски се исклучува по вкупно 20 минути.

Ако аудиоизворот се репродуцира преку Bluetooth®, оваа репродукција може да се пренасочи на други уреди со функцијата Multi-Speaker Sound (на пр. GPB 18VH‑6 SRC). За таа цел притискајте на копчето за Multi-Speaker Sound (4) подолго од 0,5 s. За потврда, свети средната приказот за статус (3) во виолетова боја и се огласува звучен сигнал.

За прекинување на преносот преку Multi-Speaker Sound, притиснете го копчето за Multi-Speaker Sound (4) подолго од 0,5 s. За потврда се огласува звучен сигнал.

Преносот преку Multi-Speaker Sound се прекинува и кога звучникот ќе почне повторно да воспоставува врска преку Bluetooth®.