Режим на работа со мрежен напојувач
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач.
- За мрежното работење користете само еден USB Type‑C®-мрежен напојувач со Power Delivery (USB‑PD). Излезниот напон, минималната излезна струја и излезната моќност мора да ги исполнуваат барањата во поглавјето „Технички податоци“. Почитувајте го упатството за употреба на мрежниот напојувач. Звучникот може да се оштети ако се користат други мрежни напојувачи. Ако моќноста на мрежниот напојувач е премала, звучникот се исклучува.
Отворете го капакот на USB Type‑C®-конекторот (15). Поврзете го мрежниот напојувач со соодветен кабел со USB Type‑C®-конектор (15) на звучникот. Приклучете го мрежниот напојувач на струјната мрежа.
За да се заштитите од контаминација, затворете го капакот на USB Type‑C®-конекторот (15) кога ќе го извадите кабелот од мрежниот напојувач.