Работа со литиум-јонска батерија

Bosch продава батериски звучник без акумулаторска батерија. Од пакувањето може да дознаете дали со вашиот звучник е вклучена батерија.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Вметнете ја наполнетата батерија во прифатот за батерија (12), додека не се вклопи.

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ додека е вметната батеријата во звучникот, таа се држи во позиција со помош на пружина.