Безбедносни напомени

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
- Не ги оставајте децата без надзор. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со пумпата.
- Не оставајте ги децата без надзор за време на чистењето или одржувањето на пумпата или полначот.
- Оваа пумпа може да ја користат деца над 8 години и лица со намалени физички, сензорни и ментални способности или недоволно искуство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со пумпата и ги разбираат опасностите кои може да произлезат од тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
- Пумпата не смее да ја користат лица кои не се запознаени со неа или не ги прочитале упатствата.
- Осигурајте се дека капакот на преградата за батерии е затворен при работа со пумпата. Навлегувањето влага може да доведе до краток спој.
- Со пумпата не пумпајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не користете ја пумпата во простории каде постои опасност од експлозија. Течностите лесно може да се запалат или да експлодираат.
- Не користете ја пумпата за пумпање прехранбени производи, на пример вода за пиење. Лубрикантите можат да ги контаминираат течностите.
- Не пумпајте течности од места каде што има луѓе. Доколку во областите има животни или туѓи тела, користете филтер. Ова ќе спречи штета врз луѓето или животните.
- Отстранете ја батеријата пред да ја инсталирате или одржувате пумпата. Ова го спречува ненамерното стартување на пумпата.

Куќиштето на пумпата може да стане многу жешко при пумпање топли течности или поради ненамерно работење на суво. Може да се повредите.
Користете ја пумпата само во затворени простории и држете го подалеку од влага.
- Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
- Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
- Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
Заштитете ги батериите од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.