Ставање и вадење на батеријата (види слика A)
Притиснете го копчето за отклучување (5) од преградата за батерии и отворете го капакот на преградата за батерии (12).
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Затворете го поклопецот за батеријата (12), така што ќе слушнете дека се вклопува.
- Проверете дали капакот на преградата за батерии е целосно затворен и дали заптивката на капакот на преградата за батерии е во добра состојба. Навлегувањето влага може да ја оштети батеријата и пумпата.