Ставање во употреба

Поставување/закачување на пумпата (видете слики BC)

При поставување со кориснички интерфејс (3) нагоре (како што е прикажано на сликата B) пумпата е заштитена од прскање вода од сите страни (IP54).

Доколку е потребно, може да ја закачите пумпата и со куката за закачување (13), но во тој случај оваа заштита повеќе не е загарантирана.

Доколку е можно, поставете ја пумпата така што разликата во висината помеѓу пумпата, точката за влечење вода и највисоката точка на излезното црево ќе биде што е можно помала. Колку е поголема висинската разлика H, толку е помала можната брзина на проток Q (видете ја карактеристичната крива на сликата C).

Вклучување/исклучување

Проверете дали отворот на цревото за вшмукување е слободен во водата: ако цревото се залепи на дното или на работ на резервоарот за вода, влезот за вода ќе биде блокиран.

Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (4), за да ја вклучите пумпата и да го започнете процесот на пумпање.

Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (4) повторно, за да го завршите процесот на пумпање и да ја исклучите пумпата.

Напомена: откако ќе испумпате топла вода, оставете ја пумпата да се олади најмалку 10 min пред повторно да ја вклучите.