Отстранување дефекти
Причина | Отстранување |
|---|---|
Пумпата не може да се вклучи или се исклучи автоматски (статусната лента е црвена). | |
Батеријата е празна или оштетена. | Наполнете ја или заменете ја батеријата. |
Батеријата или пумпата се прегреани. | Оставете пумпата и батеријата да се изладат пред повторно да ја вклучите пумпата. Проверете дали пумпата е преоптоварена: цревото на излезот (1) мора да биде без пречки, а висината на вшмукување и испумпување не смеат да бидат превисоки. |
Роторот е блокиран. | По потреба исчистете го роторот (20) и куќиштето на пумпата. Заменете го неисправниот ротор. |
Моторот е дефектен. | Оставете ја пумпата на проверка во Bosch-овластена сервисна служба. |
Премалку вода се транспортира. | |
Едно од цревата е затнато или оштетено. | Проверете дали обете црева се во добра состојба и без пречки. Отстранете ги блокадите или заменете ги оштетените црева. |
Висината на вшмукување или испумпување е превисока. | Поставете ја пумпата така што разликата во висината помеѓу пумпата, точката за влечење вода и највисоката точка на излезното црево ќе биде што е можно помала. |
Цревото е несоодветно (на пр., дијаметарот е премал, ткаенината на цревото е премногу нестабилна). | Користете цврсто црево со дијаметар од најмалку 19 mm. |
Протекува приклучокот за цревото. | Користете само црева со навој G 3/4". Проверете дали е вметната соодветна рамна заптивка во добра состојба помеѓу цревото и приклучокот за цревото на пумпата и дали цревата се правилно навртени. |
Роторот е истрошен. | Заменете го роторот (20) и заптивниот прстен (21). |
Капакот на куќиштето на пумпата не е цврсто затворен. | Проверете дали заптивниот прстен (21) е присутен, неоштетен и правилно монтиран. Затегнете ги 4-те завртки на капакот (15). |