Одржување и чистење
- Отстранете ја батеријата пред сервисирање или чистење на пумпата, поставување на уредот, менување на додатоците или складирање на пумпата. Овие мерки за предупредување спречуваат ненамерно стартување на пумпата.
- Одржувајте ја пумпата чиста за да работи добро и безбедно.
Замена на ротор (види слика D)
Пред да започнете со работа, проверете го роторот (20) низ контролното стакло на капакот (15) на куќиштето на пумпата. Ако на роторот се видливи пукнатини или стопени површини, роторот е истрошен и мора да се замени:
- Олабавете ги 4-те завртки на капакот (15) на куќиштето на пумпата со одвртувач Torx со големина T20.
- Отстранете го капакот (15), средниот капак (18) и контролното стакло (19).
- Извадете го роторот (20) и заптивниот прстен (21).
- Доколку е потребно, исчистете го куќиштето на пумпата.
- Поставете нов ротор (20) и заптивен прстен (21).
Користете само делови на Bosch предвидени за оваа пумпа. - Обрнете посебно внимание на тоа дали заптивниот прстен (21) е правилно поставен во заптивниот жлеб.
- Поставете го контролното стакло (19), средниот капак (18) и капакот (15) на куќиштето на пумпата.
- Повторно завртете го капакот (15) со 4-те завртки. Рачно цврсто затегнете ги завртките.
Складирање на пумпата
Пред да ја складирате пумпата подолго време, се препорачува да го исчистите роторот и куќиштето на пумпата.
За да го отстраните и инсталирате роторот, постапете како што е опишано за замена на роторот.