Всисување на прав/струготини

Избегнувајте работа без мерки за намалување на прашината.
Соодветен уред за всисување прав или кутија за прав/торба за прав ќе го намали здравствениот ризик од прашината. Погрижете се за добра проветреност на работното место. Секогаш користете соодветна респираторна заштита. Кога користите кутија за прав, испразнете ја навреме и редовно чистете го елементот на филтерот за да обезбедите оптимално всисување прав.
Кога користите всисувач, внимавајте на следните барања. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Барања за всисувачот

Препорачан номинален дијаметар на цревото

mm

35

Потребен потпритисокA)

mbar
hPa

≥ 230
≥ 230

Потребна количина на протокA)

l/s
m³/h

≥ 36
≥ 129,6

Препорачана ефикасност на филтерот

Класа на прашина MB)

A)

Вредност на моќноста на приклучокот за всисување на електричниот алат

B)

Според IEC/EN 60335-2-69

Следете го упатството на всисувачот. Престанете да работите кога ќе се намали моќноста на всисување и отстранете ја причината.

Редовно чистете го исфрлувачот на струготини (3). За чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете соодветен алат на пр. дрвено парче, компресиран воздух итн.

Заради обезбедување на оптимално всисување постојано користете надворешен уред за всисување или вреќичка за прав/струготини.

Со рачката за поместување (8) може да се подеси исфрлувачот на струготини (3) кон десно или лево. Притиснете го лостот за селекција (8) додека не се вклопи во крајна позиција. Избраниот правец ќе се прикаже со ознака со стрелка на лостот за селекција (8).

Кај поситните работи може да приклучите вреќичка за прав/струготини (опрема) (18). Млазниците за всисување зацврстете ги на исфрлувачот на струготини (3). Празнете ја вреќичката за прав/струготини (18) редовно, за да остане оптимално собирањето на прав.

На исфрлувачот на струготини може на двете страни да се прикачи црево за всисување (Ø 35 mm)  (додатоци).

Поврзете го цревото за всисување со всисувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова упатство.

Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.