Совети при работењето
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Држачот на рендето при паузирање (19) овозможува запирање на електричниот алат веднаш по работниот процес без опасност од оштетување на делот што се обработува или сечилото на рендето. За време на работниот процес, држачот на рендето при паузирање (19) се подига нагоре и задниот дел на подлогата на рендето се отпушта (9).
Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете го електричниот алат со предниот дел на подлогата од рендето (9).
- Ставете го електричниот алат само кога е вклучен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
Вклучете го електричниот алат и водете го со иста брзина по површината што ја обработувате.
За постигнување на висококвалитетни површини, работете со мала брзина и со постојан притисок на центарот на подлогата на рендето.
При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво, како и при користење на максималната ширина на рендето поставете мала длабочина на стругање и ев. намалете ја брзината на рендање.
Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните површини и може да доведе до брзо затнување на исфрлувачот на струготини.
Само острите секачи на рендето овозможуваат добар капацитет на сечење и зголемуваат рокот на употреба на електричниот алат.
Вградениот држач на рендето при паузирање (19) овозможува продолжување на процесот на рендање откако ќе прекинете, на одреден дел од парчето што се обработува:
- Електричниот алат со надолу притиснат држач на рендето при паузирање, поставете го на другото место од делот што треба да продолжи да се обработува.
- Вклучете го електричниот алат.
- Притиснете на предниот дел од подлогата на рендето и полека турнете го електричниот алат нанапред (➊). Притоа држачот на рендето при паузирање ќе се притисне нагоре (➋), така што задниот дел на подлогата на рендето повторно ќе легне на делот што се обработува.
- Водете го електричниот алат со иста брзина по површината што се обработува (➌).
V‑жлебот на предната страна на подлогата на рендето овозможува брзо и едноставно закосување на рабовите од делот што се обработува. Употребете го соодветниот V‑жлеб според саканата ширина на засекување. Притоа поставете го рендето со V‑жлеб на работ од делот што се обработува и водете го по должина на делот што се обработува.
| Употребен жлеб | димензија a (mm) |
нема | 0–4 | |
мала | 2–6 | |
средна | 4–9 | |
голема | 6–10 |

