Всисување на прав/струготини

Избегнувајте работа без мерки за намалување на прашината.
Соодветен уред за всисување прав или кутија за прав/торба за прав ќе го намали здравствениот ризик од прашината. Погрижете се за добра проветреност на работното место. Секогаш користете соодветна респираторна заштита. Кога користите кутија за прав, испразнете ја навреме и редовно чистете го елементот на филтерот за да обезбедите оптимално всисување прав.
Кога користите всисувач, внимавајте на следните барања. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Барања за всисувачот

Препорачан номинален дијаметар на цревото

mm

28

Потребен потпритисокA)

mbar
hPa

≥ 140
≥ 140

Потребна количина на протокA)

l/s
m³/h

≥ 23
≥ 82,8

Препорачана ефикасност на филтерот

Класа на прашина MB)

A)

Вредност на моќноста на приклучокот за всисување на електричниот алат

B)

Според IEC/EN 60335-2-69

Следете го упатството на всисувачот. Престанете да работите кога ќе се намали моќноста на всисување и отстранете ја причината.

Всисувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.

  • Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
  • Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во состојба на мирување.
  • Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.

Сопствено всисување (види слика C)

За едноставно собирање на струготините користете ја испорачаната ќеса за прав (37).

  • Поставете ја транспортната дршка (3) вертикално.
  • Прикачете и свртете ја ќесата за прав (37) во адаптерот за всисување (50), така што пинот на ќесата за прав ќе се вклопи во жлебот на адаптерот за всисување.

За време на сечењето, кесата за прав никогаш не треба да дојде во допир со подвижните делови на уредот.

Редовно празнете ја кесата за прав.

Надворешно всисување

За всисување, на адаптерот за всисување (50) може да приклучите и црево за всисување на прав (Ø 35 mm).

  • Поврзете го со цревото за всисување на прав со адаптерот за всисување (50).

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.