Одржување и чистење
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
- Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
Откако ќе се искористат карбонските четки, електричниот алат сам се исклучува. За одржување, електричниот алат мора да се испрати во сервисната служба, видете ги адресите во дел „Сервисна служба и совети при користење“.
Подмачкување на електричниот алат (види слика E)
Електричниот алат се подмачкува со маст и веднаш е подготвен за употреба.
Мастата за подмачкување мора да се заменува при секоја замена на јаглеродните четки и смее да се менува само во рамки на одржување од Bosch овластен сервис за електрични алати.
Мора задолжително да се користи маста за подмачкување пропишана од Bosch.
Ако не користите оригинална Bosch маст за подмачкување или ако не го одржувате правилно вашиот електричен алат, тоа може да влијае на вашата гаранција.
Доколку, сепак, под одредени околности мора сами да ја замените маста за подмачкување, постапете на следниов начин:
- Вклучете го електричниот алат на неколку минути за да се загрее. Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
- Отворете го капакот за маста за подмачкување (4) со Bosch кукаст клуч (10) (не е вклучен во испораката).
Старата маст за подмачкување мора да се отстрани пред да се додаде нова маст.
- Отстранете ја старата маст за подмачкување и додајте околу 30 g (1 oz) нова маст.
Додајте само ја наведената количина на маст за подмачкување за да обезбедите безбедна и беспрекорна работа на електричниот алат без оштетувања. - Ставете го повторно капакот за маста за подмачкување (4) и внимателно затегнете го со Bosch кукаст клуч (10).