Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
Вклучување/исклучување
- За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и држете го притиснат.
- За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (6) притиснете го копчето за фиксирање (5).
- За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (5), кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и потоа отпуштете го.
На ниски температури електричниот алат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на удари. Ова стартно време може да го скратите така што алатот што е вметнат во електричниот алат ќе го удрите еднаш од под.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock) (види слика D)
Длетото може да го фиксирате во 12 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.
- Ставете го длетото во прифатот за алат.
- Притиснете го прстенот за подесување на длетото (3) нанапред и со помош на прстенот за подесување (3) свртете го длетото во саканата позиција.
- Отпуштете го прстенот за подесување на длетото (3) и вртете го длетото додека не се вклопи.