Всисување на прав/струготини

Избегнувајте да работите без мерки за намалување на прашината. Соодветен уред за всисување прав ја намалува количината на прав што е опасна по здравјето. Погрижете се за добра проветреност на работното место. Секогаш користете соодветна респираторна заштита. Затоа, доколку е возможно, користете соодветен всисувач за прав за материјалот што се обработува. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Барања за всисувачот

Препорачан номинален дијаметар на цревото

mm

35

Потребен потпритисокA)

mbar
hPa

≥ 230
≥ 230

Потребна количина на протокA)

l/s
m³/h

≥ 36
≥ 129,6

Препорачана ефикасност на филтерот

Класа на прашина MB)

A)

Вредност на моќноста на приклучокот за всисување на електричниот алат

B)

Според IEC/EN 60335-2-69

Следете го упатството на всисувачот. Престанете да работите кога ќе се намали моќноста на всисување и отстранете ја причината.

Сопствено всисување со ќеса за прав (види слики CG)

За да ја испразните ќесата за прав  целосно извадете ја (4) од млазниците на издувување (9).

Одвртете го капачето од ќесата за прав. Испразнете ја ќесата за прав и вратете го капачето.

Ставете ја и притиснете ја целосната ќеса за прав (4) на млазниците за издувување (9) додека не дојде на исто ниво со алатот.

Напомена: За да обезбедите оптимално всисување на прав, навремено испразнете ја ќесата за прав (4).

При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што ќесата за прав (4) ќе биде насочена надолу.

Надворешно всисување (види слика H)

Ставете црево за всисување (10) на млазниците за издувување (9).

Цревото за всисување (10) поврзете го со всисувач за прав. Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.

При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што цревото за всисување ќе покажува надолу.