Всисување на прав/струготини

Избегнувајте да работите без мерки за намалување на прашината. Соодветен уред за всисување прав ја намалува количината на прав што е опасна по здравјето. Погрижете се за добра проветреност на работното место. Секогаш користете соодветна респираторна заштита. Затоа, доколку е возможно, користете соодветен всисувач за прав за материјалот што се обработува. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Барања за всисувачот

Препорачан номинален дијаметар на цревото

mm

35

Потребен потпритисокA)

mbar
hPa

≥ 230
≥ 230

Потребна количина на протокA)

l/s
m³/h

≥ 36
≥ 129,6

Препорачана ефикасност на филтерот

Класа на прашина MB)

A)

Вредност на моќноста на приклучокот за всисување на електричниот алат

B)

Според IEC/EN 60335-2-69

Следете го упатството на всисувачот. Престанете да работите кога ќе се намали моќноста на всисување и отстранете ја причината.

Адаптерот за всисување (23) може да се монтира нанапред или наназад со помош на приклучокот за црево.

Со вметнат адаптер на копирната чаура (34) можеби ќе треба да го свртите адаптерот на копирната чаура за 180° за адаптерот за всисување (23) да не го допира лостот за отклучување (36).

Прицврстете го адаптерот за всисување (23) со 2 завртки со нарецкана глава (24) на основната плоча (5).

Заради обезбедување на оптимално всисување, адаптерот за всисување (23) мора редовно да се чисти.

Адаптерот за всисување (26) може да се монтира нанапред или наназад со помош на приклучокот за црево.

При вметнат адаптер на копирната чаура (34) прицврстете го адаптерот за всисување (26) со 2 завртки со нарецкана глава (24) на основната плоча (5). Кај работа без адаптер на копирна чаура (34) монтирајте го претходно меѓупрстенот (27) на адаптерот за всисување (26), како што е прикажано на сликата.

Прикачете го цревото за всисување (Ø 35 mm) (25) (опрема) на монтираниот адаптер за всисување. Поврзете го цревото за всисување (25) со всисувач за прав (опрема).

Електричниот алат може да се приклучи директно на приклучницата на Bosch-универзален всисувач со уред за далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при вклучување на електричниот алат.

Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот што се обработува.

При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.