Одредување на број на вртежи
Со копчето за претходно избирање на број на вртежи (15) може претходно да го изберете потребниот број на вртежи во 3 степени. Притискајте го копчето (15), додека саканата поставка сигнализира на приказот за број на вртежи (16). Избраната поставка е зачувана.
Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
Основна поставка за број на вртежи при степен | |||
|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | |
[min-1] | [min-1] | [min-1] | |
Број на степени на вртежи | |||
3 | 0–1000 | 0–1500 | 0–2300 |
Со копчето за претходно избирање на број на вртежи (15) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата.
Може претходно да го изберете бројот на вртежи преку апликацијата на Bosch „PRO360“.