Ракување со кориснички интерфејс
Кориснички интерфејс | Опис | Упатство |
|---|---|---|
| Режим на работа SPEED (број на вртежи) Во режимот на работа SPEED може претходно да го изберете бројот на вртежи во 5 нивоа. Поставеното ниво е означено со приказот на статус. Претходно поставеното ниво е ниво 5. Може исто така да ја изберете брзината за време на работата. | Притиснете го копчето SPEED (12), за да ја вклучите функцијата. Светат копчето SPEED (12) и приказот на статус (21). Притискајте го копчето SPEED (12), додека не се прикаже саканото ниво. |
| Режим на работа TIME (Shut off after time) Во режимот на работа TIME електричниот алат запира по претходно избраниот временски период. Автоматското исклучување спречува оштетување на површината или премногу затегнување на завртките. Во примени со фиксирана положба (карактеристичен тек), чекорите може да се користат за фино подесување на системот до посакуваниот резултат: чекор 1 за кратки времетраења и мал вртежен момент, до чекор 5 за подолги траења и голем вртежен момент. Напомена: овој режим на работа е активен само при ротација кон десно. | Притиснете го копчето TIME (17), за да ја вклучите функцијата. Светат копчето TIME (17) и приказот на статус (21). Притискајте го копчето TIME (17), додека не се прикаже саканото ниво. Задржете го копчето TIME (17), додека копчето повеќе не свети. Функцијата е исклучена. |
| Режим на работа SSR (Secure Socket Release) Режимот на работа SSR спречува алатот за вметнување да се заглави на завртката или навртката и да се олабави од држачот на алатот со кратко отскокнување на крајот од примената. Режимот на работа SSR може да се користи во комбинација со TIME, ABR и STOP. Ова вклучува користење на избраните режими на работа и дополнителната функција SSR. Напомена: ако се вклучи за првпат режимот на работа SSR, истовремено се активираат TIME и ABR. Ако се исклучи режимот на работа SSR, другите режими на работа остануваат активирани. | Изберете еден од режимите на работа TIME (17), ABR (19) или STOP (20) и потребното ниво. Притиснете го копчето SSR (18), за дополнително да ја вклучите функцијата. Светат копчето на избраниот режим на работа TIME (17), ABR (19) или STOP (20) како и копчето SSR (18) и приказот на статус (21). Задржете го копчето SSR (18), додека копчето повеќе не свети. Функцијата SSR е сега исклучена. Претходно избраниот режим на работа TIME (17), ABR (19) или STOP (20) е и понатаму активен. |
| Режим на работа ABR (Auto Bolt Release) Режимот на работа ABR служи за олабавување на навртките: електричниот алат се исклучува автоматски штом ќе се олабави навртката. Автоматското исклучување спречува да отпадне навртката од навојот при олабавување. Во зависност од должината на навојот, времето до автоматското исклучување може да се прилагоди во 5 нивоа: ниво 1 за кратки должини на навој (рано запирање) до ниво 5 за долги должини на навој (доцно запирање). Претходно поставеното ниво е ниво 1. Напомена:режимот на работа ABR е активен само во левиот тек и затоа може да се активира покрај режимот на работа во десниот тек. | Притиснете го копчето ABR (19), за да ја вклучите функцијата. Светат копчето ABR (19) и приказот на статус (21). Притискајте го копчето ABR (19), додека не се прикаже саканото ниво. Задржете го копчето ABR (19), додека копчето повеќе не свети. Функцијата е исклучена. |
| Режим на работа STOP (Auto STOP) Во режимот на работа STOP електричниот алат запира кога главата на завртката ќе се потпре на делот што се обработува. Автоматското исклучување спречува оштетување на површината или премногу затегнување на завртките. Кај примени со пружински или меки површини, нивоата може да се користат за фино подесување за да се постигне посакуваниот резултат. Напомена: овој режим на работа е активен само при ротација кон десно. | Притиснете го копчето STOP (20), за да ја вклучите функцијата. Светат копчето STOP (20) и приказот на статус (21). Притискајте го копчето STOP (20), додека не се прикаже саканото ниво. Задржете го копчето STOP (20), додека копчето повеќе не свети. Функцијата е исклучена. |
| Функцијата „Заклучување/отклучување на кориснички интерфејс“ Функцијата „Заклучување/отклучување на кориснички интерфејс“ може да се користи за заклучување на копчињата на корисничкиот интерфејс за да се спречи нивно случајно притискање. | За да го заклучите корисничкиот интерфејс, задржете го копчето TIME (17) и копчето ABR (19) истовремено за 3 секунди. За да го отклучите корисничкиот интерфејс, задржете го копчето TIME (17) и копчето ABR (19) повторно истовремено за 3 секунди. |
| Функција „Ресетирање на фабрички поставки“ Сите поставки може да се ресетираат со помош на функцијата „Ресетирање на фабрички поставки“. | За да го ресетирате корисничкиот интерфејс на фабричките поставки, притиснете и задржете го копчето TIME (17), копчето SSR (18) и копчето ABR (19) истовремено за 4 секунди. |




