Одредување на број на вртежи
Со копчето за претходно избирање на број на вртежи (12) може претходно да го изберете потребниот број на вртежи во 3 степени. Притискајте го копчето (12), додека саканата поставка сигнализира на приказот за број на вртежи (13). Избраната поставка е зачувана.
Може претходно да го изберете бројот на вртежи преку апликацијата „PRO360“.
Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
Основна поставка за број на вртежи при степен | |||
|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | |
[min-1] | [min-1] | [min-1] | |
Број на степени на вртежи | |||
3 | 0–1200 | 0–1900 | 0–2800 |
Со копчето за претходно избирање на број на вртежи (12) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата.