Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.

Ознаки и нивно значење

Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда.

Носете маска за заштита од прав.

Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.

Носете заштитни очила.

Внимавајте на димензиите на сечилото за пила (дијаметар на сечилото за пила D, дијаметар на отворот d). Дијаметарот на отворот d мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирачки делови, внимавајте димензиите на редуцирачкиот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирачки делови.

Дијаметарот на сечилото за пила D мора да одговара на податоците на ознаката.

Видете исто така „Димензии за соодветни сечила за пила“ во поглавјето „Технички податоци“.

a Дијаметарот на сечилото за пила треба максимално да изнесува 216 mm.

b При менување на сечилото за пилата внимавајте ширината на резот да не е помала од 2,3 mm и дебелината на основното сечило да не е поголема од 2,1 mm. Инаку постои опасност, клинот за разделување да се заглави во делот што се обработува.

c Дебелината на клинот за расцепување изнесува 2,2 mm.

d Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пилата) мора да се совпаѓа со правецот на стрелката на клинот за разделување.

Дебелината на клинот за разделување изнесува 2,2 mm.

Максималната можна висина на делот што се обработува изнесува 70 mm.

Лева страна:
Го покажува правецот на вртење на курблата за спуштање (транспортна позиција) и подигање (работна позиција) на сечилото за пилата.

Десна страна:
Ја прикажува позицијата на лостот за блокада при фиксирање на сечилото за пила и при поставување на вертикалниот агол на закосување (подесливо сечило за пила).

Електричните алати од заштитната класа II се зајакнати и двојно изолирани.

Со CE-ознаката производителот потврдува дека електричниот алат е во согласност со важечките ЕU-директиви.