Всисување на прав/струготини
Избегнувајте работа без мерки за намалување на прашината.
Соодветен уред за всисување прав или кутија за прав/торба за прав ќе го намали здравствениот ризик од прашината. Погрижете се за добра проветреност на работното место. Секогаш користете соодветна респираторна заштита. Кога користите кутија за прав, испразнете ја навреме и редовно чистете го елементот на филтерот за да обезбедите оптимално всисување прав.
Кога користите всисувач, внимавајте на следните барања. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Барања за всисувачот | ||
|---|---|---|
Препорачан номинален дијаметар на цревото | mm | 28 |
Потребен потпритисокA) | mbar | ≥ 140 |
Потребна количина на протокA) | l/s | ≥ 23 |
Препорачана ефикасност на филтерот | Класа на прашина MB) | |
- A)
Вредност на моќноста на приклучокот за всисување на електричниот алат
- B)
Според IEC/EN 60335-2-69
Следете го упатството на всисувачот. Престанете да работите кога ќе се намали моќноста на всисување и отстранете ја причината.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.
- Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
- Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во состојба на мирување.
- Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
За едноставно собирање на струготините користете ја испорачаната ќеса за прав (43).
- Ставете ја ќесата за прав (43) на исфрлувачот на струготини (36).
За време на сечењето, ќесата за прав никогаш не треба да дојде во допир со подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја ќесата за прав.
- Проверете ја и исчистете ја ќесата за прав по секоја употреба.
- За да избегнете опасност од пожар, при сечење на алуминиум, извадете ја ќесата за прав.
За всисување, на адаптерот за всисување (42) може да приклучите црево за всисување прав (Ø 35 mm).
- Притиснете го адаптерот за всисување (42)со вртење во исфрлувачот на струготини, додека не се вклопи преку затегнувачкиот прстен на исфрлувачот на струготини (36).
- Поврзете го цревото за ќесата за прав со адаптерот за всисување (42) (Click&Clean-приклучок).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.
Заради обезбедување на оптимално всисување, адаптерот за всисување (42) мора редовно да се чисти.
- Извлечете го адаптерот за всисување (42) со вртење од исфрлувачот на струготини (36).
- Отстранете ги искршените делови од работниот дел и струготините.
- Повторно притиснете го адаптерот за всисување со вртење во исфрлувачот на струготини, додека не се вклопи преку затегнувачкиот прстен на исфрлувачот на струготини.